Никој не може против Бетмен: Витезот на темнината ја „прегази“ конкуренцијата

Точка

15/02/2017

19:37

3.386

Големина на фонт

а а а

Кога во 2014 година во кината се појави филм за LEGO коцки, наречен едноставно „Lego”, никој не очекуваше дека ќе се создаде франшиза која ќе владее во кино благајните ширум светот.

Филмот „LEGO Batman“ овој викенд дебитираше во американските кина и се најде на првото место на последната box office скала, а во својот поход ги престигна и филмовите како „John Wick 2“ и „50 нијанси потемно“.

Така, коцкастиот Бетмен во своите први два дена во САД заработил повеќе од 55 милиони американски долари, што досега е најдоброто кино отварање во 2017 година.



И покрај тоа, новиот LEGO филм малку потфрлил во однос на првобитните проекции според кои на американскиот пазар требало да заработи околу 60 милиони долари во овој период. Филмот имал буџет од 80 милиони долари, пишува порталот Adria.ign.com.


Продолжението на „50 нијанси на сиво“ се најде на второто место на box office скалата со заработка од нешто повеќе од 46 милиони долари, а зад него се нашол вториот филм за Џон Вик кој заработил околу 30 милиони долари.

Во продолжение ви ја пренесуваме последната box office скала според проценката на сервисот comScore:

1. LEGO Batman $55.6 милиони

2. Fifty Shades Darker $46.8 милиони

3. John Wick: Chapter Two $30 милиони

4. Split $9.3 милиони

5. Hidden Figures $8 милиони

6. A Dog's Purpose $7.4 милиони

7. Rings $5.8 милиони

8. La La Land $5 милиони

9. Lion $4.1 милиони

10. The Space Between Us $1.8 милиони



Спонозорирани линкови

Маркетинг