Намирници кои ги „голтаат“ калориите: Со овие шест трикови ќе почнете да ги губите вишокот килограми

Точка

15/02/2017

17:46

4.675

Големина на фонт

а а а

За да симнете неколку килограми кои повеќе нема да се вратат, нема потреба да држите строги диети. Се` што треба да направите е да замените некои намирници со други – тие ќе го намалат бројот на калории кои ги внесувате во организмот, а притоа многу се вкусни!

1. Суви сливи наместо путер

Можеби звучи необично, но сувите сливи се одличен сојузник за здрав десерт. Ако во рецептот ви пишува намирници како путер или масло, вие заменете ги со сечкани и исчистени суви сливи.

2. Свежо посно сирење наместо намаз од сирење

Иако намазот од сирење изгледа како „лајт“ варијанта која ќе го збогати вашиот сендвич или колач, тој всушност е многу помрсен од свежо обезмастеното сирење. Направете замена која е подеднакво вкусна.


3. Јаболка и јогурт наместо путер и масло

Ако во вашиот рецепт пишува растително масло, путер или маргарин, вие заменете ги со мешавина од пире од јаболко и јогурт. Половина шолја путер содржи 900 калории 92 грама масти, додека пирето од јаболка има околу 50 калории и нема масти. Во рецептот намалете ја количината на шеќер, бидејќи јаболкото е доволно благо.

4. Мелена мисиркино наместо мелено говедско месо

Оваа замена можете да ја направите во оброците кои вклучуваат мелено месо. Мелените мисиркини гради полесно се варат од говедското месо, а еднакво се вкусни. Побрзо сварената храна не предизвикува надуеност, па поради тоа ќе избегнете дуење на вашиот стомак.


5. Лајт јогурт и посно сирење наместо павлака

Ако во вашиот рецепт пишува павлака, вие искористете мешавина од јогурт и посно сирење. На тој начин ќе намалите значителен број на калории во вашето јадење, а вкусот ќе остане непроменет.

6. Чоколадни парчиња наместо прелив

Наместо тортата да ја прелиете со чоколада, особено млечна, во тестото насекаде втиснете парчиња црна чоколада. На тој начин секое парче од тортата ќе остане вкусно и чоколадно, а вие ќе потрошите двојно помалку чоколада, а со самото тоа, тортата ќе има помалку калории.


Спонозорирани линкови

Маркетинг