Во седмата деценија ги краси насловните страници: Убавата манекенка го откри рецептот за „еликсирот на младоста“

Точка

15/02/2017

19:00

5138

Големина на фонт

а а а

Манекенката и модел Кристи Бринкли како да не старее. Иако е во 63-тата година од животот и понатаму плени со својот фантастичен изглед на кој ѝ завидуваат и помладите колешки.

Кристи многу се грижи за својот изглед, а неодамна во едно интервју го откри својот „еликсирот на младоста“. Имено, таа изјавила дека секое утро пие чаша топла вода со лимон.


„Во тоа додавам малку мелен црвен пипер и го пијам пијалокот. Ова е првото нешто што го внесувам во организмот, дури и пред кафето. Тоа најдобро го стартува мојот метаболизам“, истакнува оваа убавица.

Кристи не практикува диети, но е вегетаријанка од својата 12-та година и истакнува дека е најважна урамнотежената исхрана.


Освен овој „еликсир на младоста“, како што го нарекла својот утрински пијалок, таа често пие и сок од кељ, лимета или портокали. Исто така, во својата исхрана додала авокадо, семки од тиква, сончоглед, ореви, но и суво грозје.


Првата насловна страница ја красела пред речиси 40 години. Неодамна се фотографирала во бикини за истата цел. Веројатно не би можеле ниту да претпоставите дека помеѓу првата и последната насловна страница поминале речиси четири децении.


Спонозорирани линкови

Маркетинг