Ф1 под закана од огромна казна од ЕУ

КРУГ.МК

15/02/2017

18:00

1.657

Големина на фонт

а а а

Европската Комисија при Европската Унија е при крај со истрагата за превземањето на спортот од страна на Либерти Медиа, а изгледа дека Формула 1 е пред добивање на огромна казна.

Британката член на Европскиот парламент, Анелис Додс, повикува на истражување на зделката затоа што, според неа, продажбата на спортот на американски Либерти Медиа прекршила неколку закони како резултат на конфликт на интереси од страна на ФИА.

Интернационалната автомобилистичка федерација ја одобри продажбата, но како акционер на спортот, инкасираше речиси 80 милиони долари. ФИА се стекна со 1% од акциите на компанијата сопственик на Формула 1, Делта Топко, за 458 илјади долари во Јули 2013 година.

Додс смета дека зделката е изрично прекршување на договорот помеѓу Унијата и ФИА кои бил постигнат пред неколку години, а за да се спречи судир на интереси. Поддршка за целосно истражување на зделката е добиена и од Комитетот за економски и монетарни работи при Европскиот парламент.

„Европската комисија нема обврска да покрене истрага, но успешно гласање ќе ги зголеми шансите за тоа“, објасни Додс.

Исходот од истрагата, доколку се докаже дека ФИА ги прекршила “правилата на игра“ може да биде казна до неверојатни 168 милиони долари.

„Мораме да се осигураме и да не дозволиме да спортот кој го обожаваат 500 милиони луѓе стане силно неконкурентен“, дообјасни Додс.


Спонозорирани линкови

Маркетинг