Според Розберг, Мерцедес ќе тргне по Себ

КРУГ.МК

15/02/2017

16:10

809

Големина на фонт

а а а

Нико Розберг објасни дека не се сомнева дека неговата поранешна екипа ќе тргне по Себастијан Ветел кога неговиот договор со Ферари ќе истече, на крајот од оваа сезона, без разлика на резултатите кои ќе ги постигне Валтери Ботас.

Договорот кој го донесе Себ во Маранело се потпиша во 2015 година со рок на важност од три тркачки сезони, што значи дека оваа година е последна за германецот во црвениот болид, согласно важечкиот договор. Скудерија несомнено ќе понуди продолжување на договорот. Сепак, Мерцедес од друга страна со сите сили може да тргне по возачот и најверојатно тоа е причината за едногодишниот договор кој беше потпишан со Валтери Ботас.

„Разбирам дека решението наречено Валтери Ботас има смисла за Мерцедес. Но, договорот на Ветел со Ферари завршува оваа година и јас сметам дека тој е разумна опција за Мерцедес, опција која со сигурност ќе ја разгледаат“, откри Розберг за италијанска La Repubblica.

Уште еден возач кој често се споменува во комбинација за 2018 година е Фернандо Алонсо чија тригодишна верност со Мекларен Хонда завршува на крајот од оваа година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг