Еве како Илон Маск го замислува автомобилскиот пазар за 10 години

Точка

15/02/2017

16:00

8.691

Големина на фонт

а а а

Шефот на Тесла смета дека за десет години ќе биде прилично необично да се произведуваат автомобили кои што не се целосно автономни.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск гостуваше на World Government Summit во Дубаи каде што, меѓу другото, говореше и за иднината на автомобилската индустрија. Според некои аналитичари, токму автомобилите на Тесла најдобро ни говорат во која насока ќе се движи автомобилската индустрија на глобално ниво во иднина.

Автомобилите на Тесла веќе сега пристигнуваат со „автопилот“ кој што може самостојно да управува со автомобилот, а како што минува времето, тој „автопилот“ дефинитивно ќе станува се понапреден и понапреден и ќе се вградува и кај останатите автомобили.


Маск во текот на следната деценија очекува голем напредок на вештачката интелигенција и автономноста на автомобилите и верува дека за десет години ќе биде прилично необично да се произведуваат автомобили кои што не се целосно автономни.

Спроед многумина, со оглед на тоа што се повеќе компании вложуваат огромни ресурси за развој на технологија и компјутери кои ќе управуваат со автомобилите, навистина е реално да се очекува дека за десетина години, и на нашите патишта ќе можеме да видиме голем процент на автомобили кои ќе бидат способни да возат автономно.


Сепак тоа не мора да значи дека во 2027-ма година ваквите возила ќе доминираат на патиштата, затоа што е јасно дека ќе биде потребно да помине многу време за да падне популарноста на „класичните“ автомобили.

„Денес во светот имаме околу две милијарди автомобили, а вкупното годишно производство изнесува околу 100 милиони автомобили“, изјави Маск на конференцијата и додаде дека просечниот животен век на автомобилот е од 20 до 25 години, што значи дека автономните автомобили „дефинитивно“ ќе завладеат на патиштата од 2040-та до 2050-та година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг