Фаворити нема, во Купот изненадувањата секогаш се можни

Макфакс

15/02/2017

14:46

949

Големина на фонт

а а а

Кавадарци од 17-ти до 19-ти февруари ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија. На завршниот турнир ќе учествуваат осум екипи, а титулата ја брани МЗТ Скопје.

Најпривлечниот дуел првиот ден од четвртфиналната програма ќе биде оној помеѓу Работнички и Куманово (петок 18 часот).

„Ние како тим оваа година влегувамемалку порастоварено во Купот, но тоа не значи дека ќе се предадеме од старт. Ќе дадеме максимум во секој натпревар иако имаме тројца повредени играчи. Илиевски е под знак прашалник дали ќе настапи на Купот, а имаме и други двајца кои се мачат подолг временски период и отсуствуваат од тренинзи. Имаме малку простор во ростерот, но мислам дека со добра игра и мотивација ќе направиме еден солиден успех. не можеме да предвидиме каков ќе биде исходот на крај, но се надевам дека ќе стигнеме до својата цел“, рече на прес конференцијата асистентот тренер во тимот на Работнички Перо Блажевски.

„Нe очекува натпревар со Работнички, така сакаше ждрепката и очекувам тежок и неизвесен дуел. Не треба да споделувам многу зборови за нив, знаеме со каков тим располагаат – искусна стартна петорка, но и млади мотивирани играчи против кои ние треба да ги искористиме нашите предности. Здравствениот билтен не ни е на највисоко ниво“, вели тренерот на Куманово, Марјан Србиновски.

Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот со кој ќе биде отворен завршниот турнир (17.февруари 13 часот), помеѓу Карпош Соколи и Вардар.

„Целта ја исполнивме – да се пласираме на завршниот турнир. Соколи се доста квалитетна екипа, но што е тука е. Ние ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло“, рече Војче Лефковски, капитенот на кошаркарите на Вардар.

„Мора да ни биде добра концентрацијата на играчите на теренот, да не мислиме на АБА лигата или на нешто трето туку на Купот. Купот има 3 скалила и 120 минути до титулата, но секое скалило е посебна приказна за себе. Не смееме да гледаме на мал или поголем фаворит“, смета предводникот на Карпош Соколи, Драган Николиќ.

Домаќинот на турнирот Фени индустри во првиот меч игра против АВ Охрид (17.февруари 15:30 часот).

„Играме против Охрид каде што сме апсолутни фаворити. Без разлика со кој ќе вкрстиме понатаму одиме чекор по чекор, нека победи подобриот“, рече тренерот на Фени индустри, Љупчо Малинков.

„За нас е ова нешто ново, првпат сме учесници и за нашите играчи носи поголем товар. Нашата екипа се соочува со големи проблеми. Не напуштија четири играчи меѓу кои и првиот плеј. Ждребот сакаше да паднеме со екипа која е една од најдобрите. За анс останува да се бориме и да настапиме со сета сила“, вели тренерот на кошаркарите на Охрид, Петар Чочороски.

Победникот од ова четвртфинале во полуфиналето за пртивник ќе го има победникот од четвртфиналето во кое бранителот на трофејот МЗТ ќе игра против Кожув (петок, 20:30 часот).

„Самата ждрепка не нe посака. Моментално противникот е во одлична форма, но без разлика на ситуацијата и на пишувањето во медиумите дека МЗТ веќе оди во полуфинале наша цел е против нив да дадеме макссимум и во една фер и спортска атмосфера нека победи подобриот и потоа ќе се фокусираме понатаму“, рече Игор Михајловски, тренерот на Кожув.

„Ова е едно специфично натпреварување затоа што ние сме назначени како фаворити. Ние мораме да бидеме особено внимателни, а моите играчи мораат да бидат фокусирани максимално, борбени и да имаат контрола над натпреварот уште од самиот старт. Не треба да мислиме на ништо освен на Кожув. Претходно се пдоготвувавме за овој натпревар, имаме шмек да играме со сиот ростер, но мораме Кожув да го сфатиме како сериозен противник“,смета Анте Назор, предводникот на МЗТ Скопје.


Спонозорирани линкови

Маркетинг