МКЦ во звуците на хип-хоп музиката: Се одржа скопската едиција на “Do The Right Thing”

Точка

15/02/2017

14:27

1384

Големина на фонт

а а а

За сите љубители на хип-хоп, соул и фанк класиците, вчера беше одржана Скопската едиција на “Do The Right Thing”, забава која го носи името на легендарниот филм на Спајк Ли.

Во стилот на легендарните Њујоршки забави од 70-тите години на минатиот век, “Do The Right Thing” беше спој на концертен настап, надополнет со DJ сетови и хост на микрофон.


За концертниот настап се погрижи продуцентското дуо од Квинс, The Beatnuts, кои потврдија дека се легенди на латино хип хоп-от. Тимот, составен од Lester Fernandzer (Psycho Lez) и Jerry Tineo (JuJu) постои од 1989 година, со тоа што порано броел двајца членови повеќе, кои подоцна ја напуштиле оваа продуцентска група. Музиката на The Beatnuts на почетокот била инспирирана од џез и фанк звуците, но подоцна еволуирала во музика под влијание на Латино културата. Момците од Квинс, кои се познати по своите нецензурирани и контроверзни текстови, имаат досега издадено 8 едиции кои се сметаат за класики (6 албуми и 2 ЕП-ја) и огромен број на продукции.

Водител на вечерта беше легендарниот Jeru The Damaja од Бруклин, кој веќе одамна е одомаќинет на скопската сцена. Освен во улогата на водител, Jeru изведе неколку од своите класици, а крајот од вечерта беше резервирана за јадење торта по повод неговиот 45-ти роденден, кој го прослави токму со публиката во МКЦ.


Како DJ-и на вечерта ги видовме холандската легенда Rob Manga од Амстердам, кој е еден од “виновниците” за целиот “Do The Right Thing” концепт, како и македонските DJ легенди – Funky Fresh резидентите, Гоце и Чваре.


Младинскиот Културен Центар уште еднаш докажа дека e eпицентарот на одличните алтернативни настани во Скопје.


Спонозорирани линкови

Маркетинг