Маестралната одбрана на Борко се најде во топ изборот во Шпанија

Дерби

15/02/2017

14:11

1.891

Големина на фонт

а а а

Борко Ристовски имаше круцијална победа во големата победа која ја оствари Барселона на натпреварот против Веспрем, но пред феноменалното издание во Лигата на шампионите, македонскиот голман имаше импресивна партија и три дена претходно во Асобал лигата.

Македонскиот чувар на мрежата забележа 22 одбрани на мечот против Гвадалахара кој се одигра во рамките од 17-то коло во шпанската прва ракометна лига, а една од нив сега се најде и во топ 5 изборот, односно на второто место на листата на најдобрите одбрани.



Спонозорирани линкови

Маркетинг