Вака изгледа кога кралица ќе излезе во секси, кожно здолниште

Точка

15/02/2017

11:46

4.598

Големина на фонт

а а а

Убавата шпанска кралица Летициа е позната по својата елеганција, а во своите формални комбинации често знае да вклопи неочекувани и многу модерни парчиња.

Ваквиот стил веројатно нема да го копира ниедна друга аристократка.


Прекрасната шпанска кралица Летициа е позната по својата елеганција, а во своите формални комбинации често знае да додаде неочекувани и многу модерни парчиња, со што истовремено изненадува и воодушевува.


А 44-годишната кралица на една неодамнешна манифестација посебно изненадила, кога облека секси кожно здолниште во црна боја, кое го искомбинирала со црно-бела "Pussy bow" маица и лакирани шпиц обувки.


Целиот изглед го дополнила со елегантна "Hugo Boss" торба и испеглана коса.


Кожното здолниште е едно од "must have" парчињата за секоја жена, а може да се носи во формални и неформални ситуации.


Спонзорирани линкови

Маркетинг