НБА: Победи за Кливленд, Сакраменто и Чикаго

Макфакс

15/02/2017

09:28

428

Големина на фонт

а а а

Скромна понуда од само три натпревари во НБА лигата, а победи забележаа Кливленд, Чикаго и Сакрамнето.

Демаркус Казинс го предводеше Сакраменто до победата над Лејкерси во Лос Анџелес 97:96. Центарот на Сакраменто, одигра уште еден брилијантен натпревар, тој од линијата за слободни фрлања му ја донесе победата на својот тим, а натпреварот го заврши со 40 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Најдобар кај Лејкерси беше Лу Вилијамс со 29 поени и 5 асистенции.



Кливленд забележа гостинска победа над Минесота 116:108, а двоецот Леброн Џејмс-Кајри Ирвинг искомбинира 50 поени и 21 асистенција. Леброн имаше учинок од 25 поени, 14 асистенции и 8 скокови, а Ирвинг забележа ист број на поени и седум асистенции.



На Минесота не и помогна ниту спектакуларната партија на Ендру Вигинс кој постигна 41 поен.

Чикаго во дербито на Истокот го совлада Торонто со 105:94. Шестмина кошаркари на Чикаго постигнаа двоцифрен број на поени, а најекспонирани беа Даг Мекдермот со 20 поени, односно Џими Батлер со 19 поени и 12 асистенции.



Спонозорирани линкови

Маркетинг