Ријана има милиони долари, стилисти, а вака се облекува: Погрешно или не?

Точка

14/02/2017

19:02

4.827

Големина на фонт

а а а

Поп дивата Ријана изгради стил по кој се издвојува од сите други колешки. Каде и да се појави, го добива вниманието на познавачите на модата, а посебен впечаток оставила на бранчот во Лос Анџелес, по повод Греми наградите за кои беше номинирана по осми пат.

Ријана се појавила облечена во бели пантолони и асиметричен портокалово – бел топ, кој на целокупниот изглед му дал доминантен колорит. Големиот накит, кој исто така е карактеристичен за дивата од Барбадос и портокаловата чанта го прикажале специфичниот моден вкус на Ријана.


Пејачката, која има милиони долари и која може да ангажира било кој стилист, ризичниот стајлинг го дополнила и со ризични детали – бели очила за сонце и бели сандали со високи потпетици. Косата собрана во ниско опавче го нагласила лицето на пејачката и го пренела акцентот на нејзиниот моден избор.


Обувките повторно не биле доволно впечатливи за вкусот на Ријана, па ги збогатила со бразлетна на ногата, нејзиниот омилен аксесоар.


Оваа смела комбинација не би можела да ја изнесе секоја дама, но една е Ријана. Таа ги знае своите граници и постојано сака да ги поместува. Но, дали овој пат со ваквиот стајлинг била на работ на кич?


Спонозорирани линкови

Маркетинг