Го регулираат метаболизмот и го забавуваат стареењето: Ова се најздравите грицки во светот!

Точка

14/02/2017

17:39

5924

Големина на фонт

а а а

Нема да ви се верува што сè можат да му направат пуканките на нашето тело.

Пуканките секогаш се наоѓаат на листата на најздрави грицки. Па, можеби ќе се изненадите, но тие имаат и многу здравствени придобивки за организмот.

Пуканките се направени од зрна на пченка и претставуваат грицки со скриени хранливи вредности. Нив можете да ги јадете во солена и блага варијанта. Без оглед на тоа кој вид го преферирате, пуканките се одлични грицки, особено додека гледате телевизија. Ако сакате да јадете пуканки, тогаш дефинитивно мора да ги знаете здравствените предности на оваа намирница.


Цели зрна: Пуканките се направени од зрна од пченка, а целите зрна не можат да бидат лоши за вашето здравје. Тие се богати со влакна како овошјето и зеленчукот, што ги прави многу подобри грицки од чипсот. Пуканките кои ги купувате надвор можат да бидат нездраво подготвени, па затоа, секогаш подготвувајте ги дома во тава со малку масло.

Антиоксиданси: Истражувачите откриле дека пуканките содржат полифеноли (антиоксиданс). Овој антиоксиданс е многу посилен од витамините Ц и Е. Полифенолот ги исфрла токсините од телото и го подобрува имунолошкиот систем. Овој антиоксиданс го забавува стареењето, го лекува запекот, ја подобрува работата на цревата и го подобрува срцевиот ритам.


Нерастворливи влакна: Пуканките се богати со нерастворливи влакна кои прават да се чувствувате сити долго време. Значи, долго време нема да чувствувате глад.

Ова се неколку од здравствените предности на пуканките, а ако сакате тие да бидат хранлив оброк, тогаш подготвувајте ги исклучиво сами во тава со малку масло. Исфрлете ги од исхраната пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се многу богати со калории.


Спонозорирани линкови

Маркетинг