Три европски престолнини кои се идеални за викенд-одмор!

Точка

14/02/2017

17:10

2770

Големина на фонт

а а а

Доколку сте во потрага по дестинација која можете да си ја дозволите еден квалитетен викенд, имајте ги предвид овие три града.

Будимпешта

Градот, низ чие срце тече реката Дунав отсекогаш била романтична дестинација. Прекрасните мостови, величенствената архитектура и историските знаменитости допринесуваат за совршен одмор со Вашиот партнер. Најдоброто доживување во Будимпешта е дефинитивно ноќното крстарење со брод.


Додека уживате во обилната вечера, ќе имате можност да ја видите зградата на Парламентот, најпознатата знаменитост на Будимпешта. Ако сакате поубав видик кон оваа зграда, качете се на Рибарската тврдина. Оваа тврдина се состои од 7 кули – симбол на 7-те унгарски племиња кои ја основале унгарската нација. Веднаш до тврдината се наоѓа црквата св. Матијаш, во која се крунисани многу унгарски кралеви и цареви. Недалеку е и Кралската палата, која е една од најимпозантните локалитети во Будимпешта.


Доколку сакате да го искористите викендот во Будимпешта за шопинг, посетете ја улицата Ваци, главната најпозната улица во оваа европска метропола.


Братислава

Уште една престолнина сместена на бреговите на моќниот Дунав. Иако Братислава е голем град, поголемиот дел од нејзините знаменитости се наоѓаат во центарот.

Една од најубавите градби која прво ќе Ви падне во очи е Братиславскиот замок, кој е сместен на рид, со надморска височина од 85 метри. Словаците често го нарекуваат и “превртена маса”, поради кулата која необично потсетува на ногарки од превртена маса. Порано, дворецот претставувал кралевска резиденција, а денес во него се наоѓа музеј и словачкиот парламент.


Најголемата атракција на градот е Чумил – споменик на сите работници кои учествувале во изградбата на Братислава, а неговата популарност ја стекнал поради необичниот изглед.


Ако сте одлучите да ја посетите Братислава, не пропуштајте да уживате во некој од многубројните ресторани кои служат традиционална храна.

Прага

Градот на стоте кули, полн со живописни улици и многубројни плоштади ќе Ве воодушеви со готскиот стил и уникатните знаменитости.

Најпознатата знаменитост на Прага е Прашкиот замок, кое претставувало седиште на кралевите на Чешка и претседателите на Чехословачка. Според Гинисовата книга на светски рекорди, овој дворец е најголемиот кохерентен комлекс на замоци во светот, со околу 70,000м2 површина. Прашкиот замок е заштитен и од УНЕСКО како место со светско наследство.


Доколку сакате да го доловите најубавиот поглед на градот, посетете го Карловиот мост. Овој нерамен мост, кој се протега преку реката Волтава, го добил името според кралот Карло IV.


Освен тоа, Прага изобилува со многу цркви и манастири, меѓу која и познатата катедрала св. Вид, изградена во готски стил.


Впечатливата архитектура и чувството како време да застанало, Прага е омилена меѓу пивопијците. Доколку се одлучите да ја посетите оваа престолнина, не заборавајте да ги пробате локалните пива.


Спонозорирани линкови

Маркетинг