Алонсо е фит како во шампионските денови

КРУГ.МК

14/02/2017

18:00

1.437

Големина на фонт

а а а

Фернандо Алонсо се вратил на истиот кондиционен тренинг кој го направи двократен Формула 1 шампион пред 10 години, според неговиот долгогодишен тренер, Едо Бендинели.

35-годишниот шпанец ќе ја започне својата 16та сезона во спортот, како трет најстар возач, позади Кими Раиконен и Фелипе Маса. Како што болидите во 2017 година ќе бидат побрзи и ќе бараат повеќе од возачите, сите возачи ги засилија своите подготовки во зимскиот период.

„Можам да кажам дека Фернандо е во својата најдобра форма, посилен и помотивиран од било кога. Неговите аеробик вежби беа добри изминативе години, но сега има повеќе фитнес, повеќе тегови, повеќе сила. Фокусирани сме на истиот тренинг како во 2005 и 2006 година, кога ги освои титулите со Рено“, изјави Бендинели.

Бендинели исто така додаде дека Алонсо не покажува никакви последици од неговиот страшен судар на Австралиското Гран При, поради којшто мораше да ја пропушти трката во Бахреин и од којшто заработи скршени ребра.

„Не, апсолутно ништо. Имаше проблеми со белите дробови, но сега се е одлично“.

Алонсо сега се надева дека новиот болид, Мекларен-Хонда МЦЛ32, ќе биде исто така подготвен, иако извршниот директор, Зек Браун, изјави дека 2018 година е пореална временска линија за Мекларен да се врати на победничките патеки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг