Магнусен: Болидите ќе бидат тешки за возење

КРУГ.МК

14/02/2017

15:50

874

Големина на фонт

а а а

“Новиот дечко“ во Хаас Ф1, Кевин Магнусен, очекува новата генерација на Формула 1 болиди да бидат потешки за возење, но во исто време се радува на фактот што истите ќе бидат побрзи и со поголем грип.

„Претпоставувам дека ќе бидат многу тешки за возење. Мотивацијата за силно тренирање е особено голема бидејќи мислам дека таа ќе направи разлика. Тренингот не е само 2 часа на тредмил или велосипед, навистина е тежок, фокусиран и ќе уживам во истиот.

Навистина сум возбуден бидејќи побрзи болиди ќе бидат добри за нас. Сакаме возиме агресивно, да бидеме брзи и на самиот лимит.

Со последната генерација на болиди, грипот беше многу низок и моќта во споредба со грипот беше многу поголема. Постојано бевте на лимитот од моментот кога ќе го напуштевте боксот. Поради тоа ќе биде добро да се вози болид кој ве предизвикува да го пронајдете тој лимит, наместо да гледате кон компромис – пневматици, аеро, баланс итн.

Се надевам дека ќе имаме поголем предизвик да го најдеме лимитот“, изјави Магнусен.

Многумина сметаат дека пошироките пневматици и поголемиот грип благодарејќи на аеро подесувањата ќе имаат негативен ефект над тркањето на патека, но Магнусен не се сложува дека тоа ќе биде случајот.

„Кога ќе го отворите ДРС-от, тоа ќе направи голема разлика со болидот пред вас, така што има работи кои ќе доведат до подобро тркање. Со поголема потисна сила, би помислиле дека дека е потешко да се задржи разликата со болидот пред вас, но ќе мора да почекаме и да видиме“, додаде Кевин.


Спонозорирани линкови

Маркетинг