10 начини да го сакате и своето срце покрај нечие туѓо на овој ден на заљубените

Точка

14/02/2017

13:14

2.090

Големина на фонт

а а а

Повеќето од нас ќе го поминат овој ден опсипувајќи ги своите сакани со чоколади, цвеќиња и романтични вечери, но денот на вљубените кој се совпаѓа со месецот на срцето во Америка, треба да биде потсетник дека и вашето сопствено срце заслужува почит и нега.

1. Јадете храна која е здрава за вашето срце

Зајакнете го здравјето на вашето срце и покажете му и нему малку љубов одбирајќи да јадете храна која е здрава за него. Свежо овошје, зеленчук, храна од цели зрна, храна која содржи здрави масти како авокадо, лосос и ореви се одличен начин да го разгалите сопственото срце. Минимизирајте го внесот на преработена храна и трудете се да јадете свежо колку што е можно почесто.


2. Одржувајте здрава телесна тежина

Со прекумерна тежина го зголемувате ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок и многу други болести. Еден начин да се утврди дали имате прекумерна тежина е да го пресметате индексот на вашата телесна маса.

Онлајн калкулатори е навистина лесно да се најдат, само изгуглајте "BMI calculator."

3. Правете редовни годишни прегледи

Правењето на редовни годишни прегледи ви дава добра шанса да спречите многу болести или останати здравствени проблеми во рана фаза кога лекувањето е најуспешно пред да ескалираат.

4. Интересирајте се за вашиот крвен притисок и нивото на холестерол

Проверете се за висок крвен притисок, висок холестерол, абнормални нивоа на глукоза (шеќер), забележувајте ја вашата тежина и разговарајте со вашиот лекар за кој начин на исхрана и вежбање ви е најсоодветен.

Проверувајте го холестеролот најмалку на секои пет години со тестирање на крвта. Ако имате вуисок холестерол вашиот лекар ќе направи план како да го намалите и да го одржувате. Истото важи и за висок крвен притисок!


5. Вежбајте!

Движете се почесто, трчајте, пливајте, заминете на планинарење секоја недела наутро.. снајдете се правете нешто за да се одржувате физички активни - намалете го ризикот од срцеви заболувања. Американската асоцијација за здравје препорачува најмалку 150 минути вежбање неделно - но дури и тоа е подобро отколку ништо.


6. Престанете да пушите

Тоа е факт. Откажувањето од цигари е најдобриот начин да спречите прерана смрт. Пушењето го намалува нивото на добар холестерол и го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, срцеви заболувања и мозочен удар. Пушењето исто така предизвикува рак - што повеќе можеме да кажеме.

Одвикнувањето од пушење е тешко но напорот да го одржувате вашето срце здраво и да спречите голем број на други болести секако ќе ви се исплати. Подесете си го мозокот да ги гледа цигарите како ваш најголем непријател.

7. Ограничете го внесот на алкохол

Мислевме дека умереното пиење може да биде добро за вас, како и да е најновите истражувања покажуваат дека придобивките на оние луѓе (испитаници) кои повремено пијат чаша до две црвено вино не биле од виното туку од нивните други здрави животни навики кои ги практикуваат. Додека да се истражи целосно ова прашање најдобро е да го ограничите внесот на алкохол за да го одржите вашето срце здраво. Доколку не пиете - најдобро не ни почнувајте, доколку пак пиете - "олабавете малце."

8. Трудете се да спиете најмалку 7 часа

Колку подобар сон добивате - толку вашето срце ќе биде подобро. Една студија од страна на Американската асоцијација за срце покажа дека лошото или недоволно спиење е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања. Со подобар сон ќе се зголеми вашата продуктивност и ќе ви даде повеќе енергија во текот на денот. Повеќето возрасни треба да се стремат кон седум часа спиење секоја ноќ за да се чувствуваат добро и одморени и да го одржуваат своето срце здраво.

9. Опуштете се

Најдете време да се опуштите и да го намалите стресот. Продолжениот стрес може да ви го зголеми крвниот притисок, а тоа е последното што го сакате. И додека сте под стрес поголеми се шансите да го заобиколите тренингот, да се фатите за цигара, да јадете храна која не ви е потребна итн.

10. Ограничете го внесот на натриум

Натриумот демнее во храна во која најмалку би очекувале - како конзервирана супа, сос за шпагети и некои видови на месо. Доколку внесувате премногу натриум тој може да доведе до срцеви заболувања и висок крвен притисок. Одржувајте го внесот на натриум под 2,300mg секој ден.

Уживајте во денот, грижете се за вашите сакани но и за себе! <3


Спонозорирани линкови

Маркетинг