Дали знаете што се случува со вашето тело кога ќе престанете да практикувате секс?

Точка

13/02/2017

21:00

7857

Големина на фонт

а а а

Може да има многу причини поради кои луѓето немаат секс, меѓутоа, сите се свесни за бенефициите кои тој ги овозможува. Од зголемен серотонин кој влијае на среќата, па се` до зголемување на окситоцинот кој влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Луѓето кои имаат редовен секс подобро спијат и се чувствуваат поопуштено. Меѓутоа, оние кои не практикуваат секс, можат да ги искусат следните работи:

Чувствуваат повеќе стрес

Сексот влијае врз намалување на стресот, па така личностите кои го немаат може да чувствуваат поголема напнатост, а ќе им биде тешко и да се справуваат со секојдневните ситуации. Хормоните кои се ослободуваат за време на сексот му помагаат на телото да закрепне од стресните периоди.


Повеќе се подложни на болести

Редовниот секс е поврзан со подобро функционирање на имунолошкиот систем. Во едно истражување, кај учесниците кои имале редовен секс (барем еднаш неделно) било откриено дека имаат повисоко ниво на еден имуноглобин кој ја зголемува отпорноста на болести и настинки. Силниот имунолошки систем го штити телото од болести.

Либидото може да се намали, а возбудата да опадне

Апстиненцијата влијае врз либидото, па така луѓето кои долго време немаат секс чувствуваат како им се намалува желбата за истиот. И мажите и жените можат да почувствуваат дека нема возбуда кога ќе се сретнат со партнерот после подолго време, бидејќи немале секс. Мастурбацијата може да биде решение за овој проблем.


Проблеми со меморијата

Редовниот секс влијае врз стимулацијата на хипокампусот кој е многу важен за помнењето. Научниците веруваат дека сексуалните активности се многу важни за меморијата, бидејќи редовното практикување на сексот произведува нови неврони кои се многу важни за обработката на информациите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг