Машката контрацепција успешно го помина првото тестирање

Точка

13/02/2017

16:00

2431

Големина на фонт

а а а

Експериментален нов тип на машка контрацепција го блокира протокот на спермата со помош на гел - и се покажа успешен во првите тестирања врз мајмуни.

Vasalgel делува како физичка бариера откако еднаш ќе биде инјектиран во цевчињата кои ја носат спермата до пенисот.

Компанијата која стои зад него вели дека за време на двегодишното тестирање гелот се покажа дека одлично си ја врши функцијата и дека е комплетно безбеден за употреба - барем кај приматите.

Вработените во оваа компанија се надеваат дека имаат доволно докази за неговата успешност за да можат да започнат со тестирања врз мажи наредната година.

Доколку и овие тестирања поминат успешно, компанијата ќе бара регулаторно одобрување да започне да го произведува овој гел и да го направи широко достапен за сите мажи. Ова ќе биде првиот ваков тип на контрацепција кај мажи на пазарот.


Во моментов на мажите им се достапни две главни опции на контрацепција - употребата на кондом или вазектомија.

Vasalgel го има истиот ефект како кај вазектомија, но научниците се надеваат дека со гелот за разлика од вазектомијата, која ве прави стерилни засекогаш, мажите ќе можат да ја прекинат контрацепцијата доколку одлучат дека сакаат да имаат деца во иднина. Во теорија, ќе треба да примат уште една инекција која ќе го раствори гелот. Ова било тестирано врз зајаци и се покажало како ефикасно, но треба да се направат понатамошни тестирања и врз мајмуни па и врз мажи.

Гелот нуди ефикасна и долготрајна контрацепција, се додека не се предомислите и решите да ја прекинете. Гелот ги пропушта сите останати супстанци во каналчињата освен спермата па така што не би требало да предизвика несакани последици иако се уште е во фаза на тестирање.



Спонозорирани линкови

Маркетинг