Филм-хероите Шварценегер и Џеки Чен ќе глумат во новиот епски Руско-Кинески филм

Точка

13/02/2017

13:44

3.335

Големина на фонт

а а а

Кинеско-рускиот филм "Мистеријата за железната маска: Патување во Кина" ("The Mystery of Iron Mask: The Journey to China") ќе биде објавен во почетокот на октомври за да се совпадне со кинескиот Национален ден - дел од "Златната недела" изјави продуцентот на овој филм - Алексеј Первукин за Спутник.

Во интервју за "Sputnik China", Алексеј Первукин, продуцентот на овој Кинеско-руски филм изјави дека ова ќе биде првиот заеднички проект да се произведе филм од страна на филмските компании на овие две земји.

Земјата има неколку "Златни Недели" вклучувајќи ја и таа која го прославува Националниот Ден на Кина секој 1ви октомври - на работниците им следува седум дневен одмор па Златните недели се познати по зголемената туристичка дејност и фестивалски активности и свечености.


"Според договорот, ние зависиме од кинеската страна. Според последните извештаи, појавувањето на филмот е закажано за Златната недела на Кина во октомври, која паѓа во текот на првата недела од месецот. Во Русија, филмот ќе почне да се прикажува еден ден по неговата кинеска премиера ", изјави Петрукин.

Тој додаде и дека тимот кој работи на овој филм е презадоволен од резултатот и дека се надеваат дека филмот ќе достигне голем успех. Во филмот глумат акционите филмски ѕвезди Џеки Чен и Арнолд Шварценегер.


"Го постигнавме тоа што го сакавме. Со буџетот на филмот кој изнесува 50 милиони долари, нашите партнери од Кина очекуваат дека филмот ќе собере најмалку 200 милиони долари на box office во Кина" - додаде Петрукин.

"Мистеријата за железната маска: Патување во Кина" прикажува микс од Руски и Кинески легенди како и приказни базирани на вистински случаи, вклучувајќи ја дипломатската мисија на царот Петар Велики, легендата за кинескиот змеј и потеклото на чајот.


Филмот ја раскажува и приказната за англискиот картограф Џонатан Грин кој добива наредба од царот Петар Први да нацрта мапи од Рускиот Далечен Исток. Грин ќе треба да пропатува долг пат проследен со серија од неверојатни авантури кои ќе го донесат до Кина.



Спонозорирани линкови

Маркетинг