Булие најавува возбудлив МЦЛ32

КРУГ.МК

13/02/2017

17:00

973

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Формула 1 тимот на Мекларен, Ерик Булие, објави дека планираат возбудливи промени на МЦЛ32 болидот со кој Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн ќе возат претстојнава сезона.

Тимот нема победа од 2012 година, а обновеното партнерство со Хонда сеуште не донело никакви резултати.

Булие вели дека новини ќе има поради новиот персонал кој пристапил во текот на зимата, новите алати и машини кои пристигнале во Вокинг, а се посилни се шпекулациите дека Мекларен ќе се врати на корените и повторно ќе биде портокалов.

„Секогаш ќе има промени и таков треба да биде начинот на работа. Како што знаете секој Формула 1 болид се разликува дури и на две трки една по друга. Ние планираме доста промени, а највозбудливите ќе бидат прикажани на нашиот МЦЛ32 болид. Но, сакаме истите да ги држиме во тајност до 24 Февруари и официјалното претставување на болидот“.

Најголмата промена во тимот се случи во Декември кога од челното место на групацијата беше отстранет Рон Денис, а деновиве и официјално замина Јост Капито кој беше донесен како голема надеж на екипата. Од Мекларен во Вилијамс заминува Дејв Рединг, а него ќе го менува Пол Џејмс, додека Кари Ламенранта ќе стане главен механичар. Во продолжение, Андреа Стела ќе биде задолжен за односот со ФИА.

„На Дејв му беше понудена соработка од друга екипа и ние не сакавме да му сметаме. Тоа беше разговарано веќе некое време, не дојде наеднаш, но сепак сме среќни со него. Имавме опција да го задржиме до средина на годината пред да го пуштиме, но свесни сме дека имаме добра група на луѓе кои може да земат нови задолженија и да ја завршат работата што е навистина возбудлив.

Дејв ќе ги мине следните неколку недели предавајќи ја должноста на тимски менаџер на неговиот наследник Пол Џејмс пред да ја заврши кариерата кај нас и да замине во друга екипа. Новата улога на Пол беше фантастично примена од целата организација проади тоа што тој е човек на Мекларен и знаеме дека одлично ќе се снајде. Како менаџер на екипата, тој навистина ќе има менаџерска улога, ќе биде силен водач и ќе има можност да покрие каде и да е потребно“, објасни Булие.


Спонозорирани линкови

Маркетинг