Удар за мафијата преку семејството: Како Италија им ја одзема „иднината" на најопасните мафијаши...

Точка

13/02/2017

19:00

5.195

Големина на фонт

а а а

Калабрискиот судија смета дека и децата на криминалците имаат право на нормален живот и слобода на избор. Од 2012-та до денес, околу 40 деца на возраст од 12 до 16 години се сместени далеку од лошото влијание на нивните криминални семејства.

Борејќи се против мафијата на самиот југ на Италија, судијата Роберто Ди Бела видел многу страшни работи: Деца на мафијаши како чувале стража за време на убиства, нивно присуство на состаноците за продажба на дрога, или како учат да користат автоматско оружје.

Поради тоа, Ди Бела се одлучил на драстична мерка - одвојување на децата од родителите-мафијаши и нивно преселување во други делови на Италија за да се прекине циклусот за создавање на нови криминалци.

„Не ги одземам без причина“, изјави 53-годишниот претседател на судот за малолетници во Калабрија и додава: „Синовите тргнуваат по стапките на нивните татковци. Државата не може да дозволи децата да учат како да станат криминалци“.


Откако од 2012-та година започнал да ги одзема децата од родителите осудени за поврзаност со мафијата, Ди Бела преместил над 40 деца на возраст од 12 до 16 години, а овој пристап за многумина е ефикасен, но и контроверзен. Имало четири случаи во кои што мајките побегнале заедно со своите деца, а останатите биле дадени на посвојување и судијата тврди дека ниту едно дете од нив досега не го прекршило законот.

Италијанското Министерство за правда штотуку ги систематизираше прописите, така што иновацијта на Ди Бела која што досега беше ограничена само на регионот во Калабрија, може да се користи во борбата против мафијата во целата земја.

Многумина останале запрепастени од ваквата стратегија, затоа што Италија е земја позната по тоа што се негуваат семејните врски. Противниците на судијата неговите метод ги нарекуваат нацистички и сметаат дека поради таквит одлуки Калабрија останува еден од најсиромашните и најнасилни региони во Италија.

„Доколку Калабрија остане најнеразвиениот регион во Италија, во овој регион и натаму ќе има мафија. Без оглед на семејствата“, порача Исаиа Салес, автор на повеќе книги за организран криминал.


Напад на една од најголемите мафии преку децата

Судијата Ди Бела признава дека загубил многу повеќе од мирниот сон кога ја донел ваквата одлука. Сепак, откако започнувал да ги одвојува децата, започнал да добива писма од родители кои што му се заблагодаруваат за тоа, а мајките барале да го направи тоа и за нивните деца.

Успехот на овој пристап е посебно значаен во бробата против мафијата 'Ндрангета која што преку цврстите семејни врски стана една од најмоќните мафии, не само во Италија, туку и во светот.

Од своите „бази“ на југот на Италија, 'Ндрангета се инфилтрира и во делови од северна Италија, како и во италијанските семејства во странство, па така стана една од најмоќните мафијашки организации на светот. Специјализирана е за шверц на дрога и оружје и е најголем снабдувач на Европа со кокаин. Методите кои што цврсто ја поврзуваат мафијата се брутални, па тие кои што се вовлечени во мрежата тешко можат да побегнат.

„Слушнавме работи кои што звучат многу пострашно од оние кои што сме ги слушнале за Гомора“, изјави судијата Ди Бела, алудирајќи на книгата и филмот „Гомора“ за озлогласената неаполска мафијашка организација „Камора“.


Судијата е убеден дека раскинувањето на семејните врски не само што е еден од најефикасните начини за поразување на 'Ндрангета, туку со тоа на децата им се овозможува нормален живот. Некои малолетници влегле во оваа програма после неколку сторени кривични дека како „палење на полициски автомобили“, а некои од нив веќе биле изградени мафијаши.

Тинејџерите кои што потекнуваат од мафијашки семејства имаат пристап до огромни суми на пари, носат „Ролекс“ часовници и не се грижат за нивниот успех на училиште: „Емоционално, многу се осамени. Мојата работа е во главно, човечки да им пристапам. Не сакаме никого да промениме, но можеме да им помогнеме да изградат сопствена совест“, вели психологот Енрико Интердонато, волонтер кој што соработува со Ди Бела.

Победа или пораз?

Судијата Ди Бела гледа на овој проект како „иднината на борбата против мафијата“, но свесен е дека има се уште за работа и не располага со доволно средства. За да биде зголемен обемот на проектот, потребни се специјалисти - психолози, семејства за посвојување и специјализирани судии. Потребни се нови закони, средства и обука на луѓе.

После повеќегодишната соработка со судијата Ди Бела, Министерството за правда на Италија е подготвено да ја стандардизира оваа процедура, така да почне да се спроведува регионално, а потоа и национално. За тоа, меѓутоа се потребни срества. Во Калабрија, 81 од 83 градови воопшто немаат социјални работници.


Противниците на овој метод сметаат дека околностите се многу поважни од семејствата во борбата против мафијата и во проектот гледаат како на доказ за неспособноста на државата да ги промени социјалните и економски прилики во Калабрија.

Многумина сметаат дека во 19-ти век, градовите на југот на Италија не се разликувале многу од Париз и Лондон каде што имало наезда на сиромашни кои што сакале да преживат со помош на криминалот. Сепак, на северот на Европа во меѓувреме се подобрила економската ситуација, но не и на југот на Италија.

Сепак, на пример психологот Интердонато не мисли така. Тој се сеќава на 15-годишно момче, син на мафијаш од 'Ндрангета кој што бил посвоен во друго семејство: „Првата порака за нив е - Никој не знае дека си тука, затоа живеј. Потоа им покажуваме дека да се биде чесен човек, не значи дека си губитник“.

Судијата Ди Бела и неговите соработници нагласуваат дека нивната мисија е на младите луѓе опкружени од криминал, да им овозможат слобода.

„Ние сме како Давид против Голијат“, вели Ди Бела и додава: „'Ндрангета се инфилтрира во нашата заедница, па и ние се обидуваме да се инфилтрираме меѓу нив, така што на нивните деца им даваме слобода да изберат“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг