Големи признанија: Тројца вардарци во трите највредни избори на ЕХФ во ЛШ

Дерби

13/02/2017

13:20

998

Големина на фонт

а а а

Вардар му одржа лекција на ППД Загреб на саботниот меч кој се одигра во Лигата на шампионите, а доброто и компактното издание кое го имаа избраниците на Раул Гонзалес ги натера одговорните луѓе на ЕХФ да стават посебен акцент на нивните залагања.

Тројца вардарци се најдоа во трите најважни категории од 10-то коло во Лигата на шампионите, со тоа што Арпад Штербик се најде во топ 5 одбрани на колото, Лука Циндриќ во топ 5 најдобри погодоци на колото, а Алекс Душебаев во тимот на колото.

Одбраната на Арпад Штербик и преостанатите четири кои се најдоа меѓу најдобрите проследете ги на следниот ЛИНК, а погодокот на феноменалниот хрватски бек на следното ВИДЕО.


Спонозорирани линкови

Маркетинг