Адел ја одбива и ја крши на два дела најпрестижната Греми награда со мелодраматичен говор за Бијонсе

Точка

13/02/2017

10:53

6.177

Големина на фонт

а а а

Ова беше битката на "Дивите" за најголемата Греми награда оваа година - албум на годината, со Адел и Бијонсе како најголеми фаворити.

На крајот Адел ја освои наградата - всушност една од повеќето таа вечер - но Адел самата се почувствува дека и Бијонсе е достојна за истата награда за нејзиниот нов визуелен албум Lemonade па во емотивниот говор со кој ја затвори овогодинешната церемонија Адел изјави дека оваа награда впрочем подеднакво и' припаѓа и на Бијонсе.




"Не можам туку така да ја прифатам оваа награда" - изјави Адел низ солзи.


"Многу сум благодарна но и многу милостива - Бијонсе е мојот идол и нејзиниот албум "Lemonade" ако ме прашате мене е монументален, добро обмислен, прекрасен и допира до душа. Ни дозволи да видиме една поинаква страна од себе која не секогаш ја откриваш - и јас го ценам тоа. Сите музичари што сме собрани тука едноставно те обожаваме", продолжи Адел обраќајќи и' се на Бијонсе - "Ти си нашата светлина. Начинот на кој правиш да се чувствуваме јас и моите пријатели, начинот на кој правиш да се чувствуваат сите наши црни пријатели е моќен. Ги предизвикуваш да веруваат во себе и те сакам поради ова. Секогаш сум те сакала и секогаш ќе те сакам" - заврши со говорот за Бијонсе која самата се воздржуваше да ги запре солзите.




Адел отиде до таму што дури и ја скрши оваа престижна награда на два дела, едниот дел наменувајќи го за Бијонсе.


Само неколку минути претходно, кога ја доби наградата за песна на годината Адел веќе и' имаше оддадено почит на Бијонсе велејќи "Мојот сон и мојот идол е Queen B. Те обожавам, ме допираш до душа секој ден и го правиш ова веќе 17 години наназад.." но говорот кога токму Адел ја доби и најпрестижната награда беше далеку подраматичен.







Спонозорирани линкови

Маркетинг