Пенезиќ меѓу „трите ѕвезди“ на ЕХФ, Алтхаус го постигна најубавиот гол

Макфакс

13/02/2017

10:20

542

Големина на фонт

а а а

Ракометарките на Вардар Андреа Пенезиќ и Ања Алтхаус се меѓу најдобрите во третото коло од главната фаза во Лигата на шампионките. Пенезиќ е една од трите ѕвезди на колото, додека според ЕХФ, Алхаус го постигнала најубавиот гол.

ЖРК Вардар, во неделата, победи во Германија кај Турингер 31:29, ја забележа осмата последовна победа во Лигата на шампионките и го потврди пласманот во четвртфиналето.

Андреа Пенезиќ во победата на Вардар партиципираше со 10 голови. Покрај хрватската репрезентативка, останатите две ѕвезди на колото според ЕХФ се Ана Грос од Мец и Зита Сучански.

Од друга страна голот со шрауба на Ања Алтхаус е најубавиот во оваа рунда од Лигата на шампионките.


Спонозорирани линкови

Маркетинг