Овој трик од 90 секунди ќе ве расони подобро од кафе, а има и одличен ефект врз целото тело

Точка

11/02/2017

14:17

6521

Големина на фонт

а а а

Она што е интересно е тоа што овој трик е секојдневна животна навика и на модната дизајнерка Викторија Бекам.

Доколку наутро тешко се будите и чувствувате недостаток на енергија постои решение за вас кое можете да го применувате секое утро, а чии резултати ќе ги чувствувате во текот на целиот ден и ќе бидете воодушевени од неговиот ефект.

Според експертите од Career Girl Daily, многумина од нас наутро се тушираат на погрешен начин. Поточно, откриен е трик кој ќе ви одземе само 90 секунди, а ќе влијае врз вашата енергија во текот на целиот ден и ќе ве одржува будни. Тоа што е најинтересно е дека токму овој трик го практикува и популарната модна дизајнерка Викторија Бекам.


Оваа рутинска навика која ќе ви одземе само 90 секунди ве освестува побрзо и од две шољи кафе, ви го подигнува имунолошкиот систем и ви го подобрува расположението.

Научниците тврдат дека туширањето со топла вода само ја влошува состојбата на ненаспаност и умор. Тоа што треба да го направите е следново: прво се туширате со ладна вода околу 30тина секунди, а потоа уште 30 секунди со млака вода, за на крај преостанатите 30 секунди да ги подесите повторно на ладна вода.


Се разбира, првите неколку дена може да ви биде непријатно, но набрзо ќе се навикнете на ваквиот режим баш поради тоа што ќе го засакате чувството кое се добива од него, тврдат експертите.

Со овој метод на туширање ќе ги отворите капиларите и ќе ја забрзате циркулацијата - што делува одлично врз целото ваше тело и ум. Покрај тоа, ќе ви се намали нивото на стрес и ќе ви помогне да согорите уште некоја калорија на овој навистина ефикасен начин.



Спонозорирани линкови

Маркетинг