Најгледаната серија на светот конечно ни пристигнува на големото платно

Точка

10/02/2017

22:00

12.558

Големина на фонт

а а а

Двејн Џонсон, еден од најголемите „ѕверови“ кој можеме да го видиме во кината, оваа година ни се враќа како легендарниот Мич Бјукенен од „Чувари на плажата“.

Претстоечката филмска екранизација на серијата „Baywatch“, или кај нас позната како „Чувари на плажата“, ни дава се` повеќе материјал за уживање. Во овој непријатен зимски период, самата помисла на лето и капење ни носи насмевки на лицата, а кога ќе видиме како тимот од „Чувари на плажата“ уживал за време на снимањето на филмот, уште повеќе посакуваме да дојде лето.



Како што веројатно веќе и самите знаете, филмот го следи посветениот „опасен“, популарен и сакан Мич Бјукенен (Двејн Џонсон), лидерот на „Чуварите на плажата“ на залив во Мајами. Иако заливот изгледа како и секој друг, мистериозни настани во локланиот клуб на плажата го наведуваат Мич да помисли дека неговиот сакан залив е во опасност. Нормално, Мич би сакал да може самиот да го реши сето тоа, но овој пат е принуден да соработува со младиот и арогантен спасител Мет (Зак Ефрон).


Двејн Џонсон, на сите познат како The Rock, ќе го глуми планетарно познатиот Мич, а во тимот ќе му се придружи и Зак Ефрон, миленик на женската публика. Покрај нив, спасители ќе глумат и Александра Дадарио, Кели Рорбах, Пријанка Чопра, Илфенеш Хадера, Џон Бас, Ханибал Бурес и латино поп принцезата Белинда Перегрин. Во филмот им се придружуваат и Дејвид Хаселхоф и Памела Андерсон, бидејќи какви „Чувари на плажата“ би биле тие без нивните најпознати членови?



Спонозорирани линкови

Маркетинг