10 интересни факти за Мексико кои можеби не сте ги знаеле

Точка

10/02/2017

21:00

8.054

Големина на фонт

а а а

Мексико станала федеративна држава на 5 февруари 1917 година откако Конгресот го усвоил новиот Устав.

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за Мексико, кои можеби не сте ги знаеле досега.

1. Цезар салатата не потекнува од Рим, туку од Мексико.

2. Во Мексико се наоѓа најмалиот вулкан на светот. Куеноксомате е висок само 13 метри, а се наоѓа кај градот Пуебло.


3. Кога се пее мексиканската химна мора да се пее правилно, во спротивно може да се добие казна. Поради тоа постојат многу текстови на интернет.

4. Еден од најбогатите луѓе во светот е од Мексико. Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим „тежи“ 50 милијарди долари, според податоците на Форбс од 2017 година.


5. Од Мексико потекнуваат чоколадата и чили пиперките.

6. Една од најголемите мачки во светот – јагуарот, живее во јужните прашуми во Мексико.


7. Најстариот универзитет во Северна Америка е оној во Мексико. "National University of Mexico" е основан во далечната 1551 година.

8. Границата помеѓу Мексико и Соединетите Американски Држави е втората најдолга граница во светот.


9. Мексико е втора најрелигиозна држава на светот. Прва е Бразил.

10. Мексико Сити е изграден на темелите на стариот град на Ацтеките – Теночтитлан. Тој се наоѓал на остров на езерото Текскоко, а на врвот од моќта бил еден од најголемите градови во светот со околу 200.000 жители. Градот го уништиле шпанските освојувачи.




Спонозорирани линкови

Маркетинг