Пет докази дека вие и вашиот партнер немате одличен секс: Тука нешто не е во ред

Точка

10/02/2017

20:40

9.515

Големина на фонт

а а а

Ако телевизорот е уклучен за време на вашите интимни моменти, тогаш тука нешто не е како што треба.

Можеби вашата врска е одлична – многу се смеете, уживате еден со друг, не се расправате, делите заеднички интереси, но дали сè е во ред во кревет? И ако не е во ред, дали сте свесни за тоа?

Постои голем број на парови кои имаат одлична врска, но во кревет не пронаоѓаат заеднички јазик. Но, добрите вести се дека може да се работи на тоа и сексот може да се подобри, но првиот чекор е да се помирите со фактот дека не функционира сè како што би требало.

Во продолжение прочитајте кои се петте најчести знаци дека нешто не е во ред во сексот.

1. Ретко кога сексот е спонтан

Се случува да нема спонтан секс во долгите врски, но ако е така од самиот почеток, тогаш имате проблем. Мора да работите на тоа да се заведувате еден со друг и да се трудите да ја одржувате страста „жива“ и постојано актуелна.


2. Неприлагодено либидо

Ова може да биде многу непријатен фактор. Во пракса тоа изгледа вака – вие сакате секс речиси секој ден, додека тој инсистира на тоа само два или три пати неделно. Или е обратно... Мора да поработите на компромис и да се најдете некаде на средина.

3. Желбата за секс не ви се буди во исто време

Вие добивате желба за галење и секс, а партнерот во тој момент нема таква желба, но ја добива неколку часа подоцна. Тогаш вам не ви е до секс и доаѓа до маѓепсан круг кој имплицира понатамошно незадоволство.


4. Не постои поза во која и двајцата уживате

Важно и неопходно е да ве возбудуваат слични работи во сексот, како и да преферирате исти пози. Доколку често се случува еден од вас да не ужива, време е за „аларм“.

5. Вклучениот телевизор секогаш е присутен

Во ред е ако телевизорот случајно останал вклучен во налетот на страст, или ако сте сакале да ја зачините страста со филм за возрасни, но доколку телевизорот е вклучен за да ја отстрани здодевноста за време на сексот, тогаш факт е дека нешто не е во ред.


Спонозорирани линкови

Маркетинг