Капри – рајскиот остров со уметничка душа

Точка

10/02/2017

14:32

4.586

Големина на фонт

а а а

Островот Капри е еден од најпопуларните италијански острови, кој се наоѓа на јужната страна од Неаполскиот залив.

Типичната медитеранска клима, магичниот мирис на рузмарин и преубавите бои на дивите цвеќиња се само дел од работите во кои ќе уживате на овој прекрасен остров.



Капри не е само идеално место за одмор поради песочните плажи и романтичните морски гребени, туку и поради луксузните вили и модерните архитектонски градби. Поради тоа, овој остров е место за средба на светскиот џет-сет.




На само пет километри од Наполи, до овој остров се стигнува со брод или траект. Во втората половина на 19-тиот век, Капри преставувал своевидна уметничка колонија на која престојувале познати европски книжевници.


Местото кое освојува на прв поглед, гордо ја чува својата “сина пештера”, која важи за една од најатрактивните локации на ова место. Пештерата има сина боја поради начинот на кој се рефлектира светлината од водата.



Доколку се одлучите да го посетите Капри, не заборавајте да ги посетите и познатите монолитни карпи Faraglioni, кои се издигнуваат во висина од 100 мести, а се сместени во близина на југоисточната обала на Капри, во Тиренското море.

Овие необични гиганти биле и се извор на инспирација на многу уметници.




Доколку сметате дека никогаш не сте биле уметнички настроени, посетете го Капри – овој остров ќе Ви помогне да ја откриете креативната страна во себе, за која не сте ни знаеле дека постои.


Спонозорирани линкови

Маркетинг