Савинова остана без златото од Лондон

Макфакс

10/02/2017

14:12

2672

Големина на фонт

а а а

Марија Савинова, која во 2012 година на трката на 800 метри, на ОИ во Лондон, го освои златниот медал, остана без најсјаното одличје, поради користење на недозволени супстанци. Исто така, на Савинова и се избришани сите резултати кои ги постигнала во периодот од 2010 до 2013 година.

Марија Савинова, во Лондон го освои златниот медал пред Кастер Семења, а истиот распоред (Савинова, Семења) беше и на Светското првенство во Даегу во 2011 година. Руската атлетичарка на Европското првенство во 2010 година беше трета пред Британката Џени Медоус.

„Доказите се јасни, вклучувајќи ги и оние од биолошкиот пасош. Тие потврдуваат дека Марија Савинова користела допинг од 26.јули 2010 (почеток на Европското првенство во Барселона) до 19.август 2013 година (ден по завршувањето на Светското првенство во Москва)“, стои во дел од соопштението на Судот за спортска арбитража (CAS).

Покрај тоа што на Савинова и се поништени сите успеси и одземени медалите, CAS и ја потврди четири годишната суспензија, која започна да и важи од 2015 година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг