Вести од Холивуд: Никол Кидман го заведува Колин Фарел, Мајкл Кејн го прави грабежот на векот, а Сузан Сарандон глуми мајка на писател-самоубиец

Точка

10/02/2017

13:54

4.334

Големина на фонт

а а а

Никол Кидман игра во римејкот "The Beguiled" на Софија Копола, Мајкл Кејн се подготвува да го изврши најголемиот грабеж на векот во Велика Британија, а Сузан Сарандон се обидува да влезе во ликот на мајка на починат син која се бори за неговото наследство.

Мајкл Кејн, Џим Бродбент, Мајкл Гамбон и Реј Винстон најверојатно ќе ја играат бандата крадци кои во 2015та година ја ограбија продавницата за скапоцен накит во Лондон.

Станува збор за адаптација на вистински настан, како што пишуваат во "Variety", за најголемиот грабеж во британската историја, кога четворица постари господа од 76, 74, 67 и 58 години, украле накит во вредност од 300 милиони долари.


Првата теорија на полицијата наговестуваше дека станува збор за прецизен и детален тим на супер-крадци кои го извршиле совршеното злосторство, но потоа се испостави дека сторитеите всушност биле четворица пензионери, стари криминалци со физички болки кои од досада одлучиле да извршат уште еден, последен грабеж во нивните животи.

Снимањето ќе започне кон крајот на пролетта, со режисерот Џејмс Марш (The Theory of Everything).

Сузан Сарандон, Томас Ман и Дајана Кругер ќе играat во филмот "Butterfly in the Typewriter", биографски филм за Џон Кенеди Тул и неговиот краток, но извонреден живот во режија на Дејвид Дибоа.


Студент, учител и патник, Џон Кенеди Тул Тул (Man) бил страствен набљудувач на човечкиот карактер и во 1964 година напишал книга за тоа. По повеќегодишни обиди да најде издавач, авторот запаѓа во депресија и се самоубива на возраст од 32 години. Неговата мајка, Телма (Сарандон) не дозволува нејзиниот син да се заборави и продолжиува да се бори за некој да го објави неговиот роман. Таа конечно успева во тоа во 1980 година, единаесет години по неговата смрт. Книгата "Заговор на будали" (A Confederacy of Dunces) е добитник на Пулицеровата награда и е преведена на 35 јазици.

Дајана Кругер ќе ја игра Патриша Рикелс, професорката која имала блиски односи со Тул.

"Не знам дали Тул воопшто можел да предвиди дека негоото дело денес, во овие бурни времиња, ќе биде порелевантно од билокога до сега. Приказната за настанокот на романот е потресителна исто колку и самиот роман" - изјави продуцентот Мајлс Нестел.

Софија Копола го сними римејкот на филмот "The Beguiled" - сниман од женска гледна точка. Клинт Иствуд играше во оригиналот од 1971-ва година во улогата на ранетиот војник од Унијата кој е затворен во женски интернат на Конфедерацијата во Вирџинија.



Тој попатно ги заведува сите жени околу себе кои ќе се завртат една против друга, па на крајот и против него. копола одлучи романот на Томас Кулинан (1966) да го адаптира во филм прераскажан преку женска перспектива и ги ангажирала Никол Кидман, Кристен Данст и Ел Фенинг. Ликот на војник-заводник сега ќе го толкува Колин Фарел, а филмот ќе пристигне во кината на 23ти јуни.



Спонозорирани линкови

Маркетинг