Супер засилување: ЖРК Вардар ја ангажираше незадржливата ѕвезда на Будуќност

Дерби

10/02/2017

13:18

2.787

Големина на фонт

а а а

Македонскиот женски првак Вардар тргна добро и во вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите, но дека нашиот ракометен бренд и во иднина планира да биде во самиот врв во Европа ни потврди со денешната ексклузивна вест која стана хит во ракометната јавност.

ЖРК Вардар преку својата официјална веб страна соопшти дека феноменалната Драгана Цвијиќ ќе го облече црвено-црниот дрес, а договорот ќе стартува по крајот на актуелната натпреварувачка сезона. Цвијиќ со години наназад важи за една од најдобрите пивотменки во светот, а бидејќи ова е позицијата која е најранлива во редовите на македонскиот првак, овој потег навистина наиде на огромен поздрав.

– Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели, врвот на Европа, – вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар во изјавата за официјалниот сајт.

Цврстата Цвијиќ е позната по тоа што игра спектакуларно и борбено на двете страни од теренот, па така Вардар со нејзиниот ангажман ќе добие огромен плус во одбраната, но и во нападот каде е едноставно незадржлива за противничките.


Спонозорирани линкови

Маркетинг