Денеска е „Денот Д“ за Червар и Хрватска: Зоран Гобац во Скопје!

Дерби

10/02/2017

11:49

1.286

Големина на фонт

а а а

Еден од тројцата членови на комисијата што ја формираше Ракометната федерација на Хрватска за преговори и избор на нов селектор, Зоран Гобац, денеска е во Скопје.

„Дерби“ дознава дека Гобац не беше присутен на средбата од СЕХА лигата меѓу Металург и Загреб, но денеска ќе допатува во Скопје во пресрет на средбата меѓу Вардар и Загреб од Лигата на шампионите. Покрај претседателот и генералниот секретар на хрватската ракометна федерација, Гобац кој е алфа и омега (и тоа не само) во хрватскиот ракомет е дел од тимот кој треба да преговара со можните кандидати за селектор. Тоа е во духот на понеделничката прес конференција на Червар, кој потенцираше дека не сака да се нуди никому и дека неговите години и успеси во ракометот се доволна референца. Оттука, доаѓањето на Зоран Гобац и понудата што ја носи ќе бидат клучен момент во тоа дали Ракометната федерација на Хрватска ќе и го „украде“ селекторот на Македонија.

Откако на прес конференцијата пред четири дена Червар посочи дека ќе разговара со сопственикот на Металург, Минчо Јорданов, во ракометните кулоари се шпекулира дека тој од човекот што го донесе во Македонија, ќе побара „амин“ да стави крај на клубскиот ангажман по истекот на оваа сезона во јуни. Ова е најверојатното сценарио, со оглед на тоа што Хрватска не игра во квалификациите како домаќин на Европското првенство во 2018 година, што би значело и дека Червар сигурно ќе остане и селектор на Македонија до таа дата, со цел да го заврши квалификацискиот циклус во кој последниот натпревар го играме со Чешка на 17 јуни. На тој начин, хрватскиот стручњак би можел и да се збогува со Македонија во убаво сценарио доколку избориме пласман на ЕП 2018, но уште повеќе доколку потфрли да ги поведе нашите играчи на идниот континентален собир.

Во меѓувреме, се шпекулира и со информацијата дека Славко Голужа нема да биде дел од тандемот кој ќе ја раководи Хрватска во . Иако тој има медали со оваа репрезентација од сите натпреварувања, почнувајќи од европско, преку светско првенство до Олимпијада, до сега немаше тренерски ангажман, но му се насмевнува двегодишен договор со Татран Прешов. Дополнително, коментарите на Голужа во јавноста околу претходниот селектор Бабиќ, исто така го обележиле како внесувач на негативна енергија, поради што најверојатно тој ќе биде дистанциран новиот стручен штаб.


Спонозорирани линкови

Маркетинг