Конечно се знае зошто некои жени се склони кон неверство

Точка

09/02/2017

21:17

8.818

Големина на фонт

а а а

Жените со зголемено ниво на естрадиол „хормонот за секс“, себеси се доживуваат како привлечни и се склони кон флерт со непознати мажи.

Психолозите Кристина Дуранте и Норман Ли од Универзитетот Остин во Тексас ги објавиле резултатите од своите нови истражувања во Зборникот на кралското научно биолошко друштво во Лондон, чии најинтересни детали ги пренесува магазинот "Science".

„Студијата нуди нови докази дека психолошките механизми и понатаму играат клучна улога во сексуалната мотивација и однесувањето на жените“, тврди доктор Дуранте. Дуранте и Ли всушност ги истражувале односите помеѓу естрадиолот, „хормонот за секс“ кој го лачат јајниците, а е поврзан со плодноста, и сексуалната мотивација. Тие анкетирале 52 студентки кои не користеле контрацепција. Учесничките биле на возраст помеѓу 17 и 30 години.


Потоа, истражувачикте го мереле нивото на хормони во нивниот организам за време на овулацискиот циклус, а потоа побарале секоја жена да ја оцени сопствената физичка привлечност. Исто така, независни набљудувачи ја проценувале нивната физичка атрактивност.

Хормон кој ги „тера“ жените да флертуваат

Исто така, учесничките во студијата одговарале на прашања што ги мотивира за неверство. Се покажало дека нивото на естрадиол кај жените е тесно поврзано со мислењето за сопствената физичка привлечност. Жените со високо ниво на тој хормон исто така покажале и поголема подготвеност за флерт, бакнување и влегување во сексуална врска со нов, дотогаш непознат партнер, но не биле особено склони кон „секс за една вечер“.


Меѓутоа, нивото на естрадиол било негативно поврзано со сексуалното задоволство кое на жената ѝ го давал постојаниот партнер. „Нашите наоди покажуваат дека жените со високо ниво на естрадиол ретко се чувствуваат задоволени од своите постојани партнери, па поради тоа лесно се подготвени да побараат „утеха и задоволство“ во прегратките на друг маж. Сепак, тоа не значи дека сите жени со високо ниво на естрадиол се подготвени за еднократни сексуални авантури. Наместо тоа, се определуваат за некој вид на „сериска“ моногамија“, заклучила Дуранте во изјавата „Science“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг