Критичарите го уништија филмот чија актерска екипа „тежи“ 90 милиони долари

Точка

09/02/2017

19:30

8850

Големина на фонт

а а а

Иако се очекува дека второто продолжение од трилогијата на „50 нијанси“ ќе заработи помалку отколку првиот дел, творците на филмот „50 нијанси потемно“ не се премногу загрижени. Заработката од првиот филм ги надминала сите нивни очекувања и покрај острите критики на филмските експерти, а слични се предвидувањата и за вториот дел.

Аналитичарите предвидуваат дека продолжението ќе заработи од 35 до 40 милиони долари на првиот ден од прикажувањето на големото платно, што е речиси два пати помалку од заработката која ја оствари првиот дел, пишува „Cinemablend“. Како една од причините се наведува тоа што Денот на вљубените се паѓа во вторник (а кој за првиот дел беше во сабота), па поради тоа се очекува помала посетеност во кината.


Добар знак за творците на филмот е гледаноста на нивниот трејлер кој го урна рекордот за најгледан трејлер во првите 24 часа со бројка од неверојатни 114 милиони прегледи.



Може да се каже дека актерите не се преоптоваруваат многу со овие бројки, бидејќи вредноста на Џејми Дорнан, кој во филмот го глуми Кристијан Греј, е проценета на три милиони долари, додека вредноста на главната актерка Дакота Џонсон се искачува и на пет милиони долари. Во ова продолжение со својот настап ќе не почести и Ким Бесинџер, чија вредност се проценува на вртоглави 40 милиони долари.

Вредноста на целата актерска екипа на филмот се проценува на вртоглави 92.5 милиони долари.


Самата авторка на трилогијата, Е.Л. Џејмс заработила 95 милиони долари од продажбата на книгите, и тоа само за периодот од 2012 и 2013 година, што ја направи најуспешната авторка на фикција за возрасни. Авторката дополнително заработила уште 14 милиони долари во 2016 година, што е два милиони повеќе отколку што заработила во 2015 година, пишува Forbes.


Спонозорирани линкови

Маркетинг