Луксузна хотелска соба под ѕвездено небо

Точка

09/02/2017

16:10

2.817

Големина на фонт

а а а

За сите соби е заедничко тоа што имаат телескоп, со кој во доцните часови можете да ги набљудувате ѕвездите. Некои од собите се сосема провидни, а во некои можат да се навлечат завеси. Сè зависи од тоа колкава приватност сакате.

Не, овде нема да преноќувате на отворено, туку ќе уживате во луксузот кој го носи оваа хотелска соба. Но, воедно ќе уживате и во ѕвезденото небо.


Францускиот хотел Attrap'Reves дошол до сјајно решение за оние кои сакаат спој на одмор во природа и луксузен комфорт. Благодарение на нивниот “изум”, Вие имате можност да спиете под отворено небо, без местење на шатор.



За нешто повеќе од 100 евра по ноќ, љубителите на природата можат да преспијат во собите, кои се всушност големи, провидни балони во кои има сè што очекувате од една класична хотелска соба. Од своето отворање во 2010 година, овие “балони” стекнаа голема популарност за сите туристи кои сакаат удобен одмор во природа.



Сите балони се наоѓаат во шума, која е неколку минути оддалечена од главната зграда на хотелот, во која можете да појадувате.

Во секој случај, доколку сте љубител на природата, но не и на кампувањето, ова е вистинското место за Вас!


Спонзорирани линкови

Маркетинг