Рено повеќе нема оправдување

КРУГ.МК

09/02/2017

18:00

2.362

Големина на фонт

а а а

Според оперативниот директор на Рено, Сирил Абитебул, Рено нема оправдувања доколку не успее да стигне до средина на поредокот оваа година. Новите технички правила ќе бидат ресетирање на екипите и можност за послабите да стигнат до оние пред нив, а француски Рено се наоѓа токму во таква позиција.

Тимот од Енстон стигна само до 8 поени минатата сезона откако на крајот на 2015 година беше превземен од страна на Рено и го промени моторот од Мерцедес, во сопствениот фабрички агрегат.

„Сега има ресетирање на правилата и по мое мислење ќе биде подобро за нас затоа што немаме оправдување за да не бидеме на исто ниво со средината на гридот од самиот почеток на сезоната. Сепак, сеуште ќе треба време за да се носиме со најдобрите.

Треба да инвестираме во инфраструктура поради тоа што, да бидам искрен, врвните екипи „ни бегаат“. Тие се развиваат многу побрзо од нас и поради тоа ни треба вложување во инфраструктура“, објасни Абитебул за Autosport.


Спонозорирани линкови

Маркетинг