Ентони Хамилтон: Тркањето против Луис може да ве уништи

КРУГ.МК

09/02/2017

15:25

946

Големина на фонт

а а а

Ентони Хамилтон, татко на трикратниот Формула 1 првак Луис Хамилтон, верува дека неговиот сим станува посилен со секоја сезона мината во спортот и доколку некој сака да се тркаи натпреварува со него, тоа може да значи крај на кариерата за тој возач.

„Секој кој сака да се носи со Луис треба да си ја има испланирано својата кариера сериозно затоа што таков потег може да биде кобен“, изјави Ентони за Sky Sports.

Претстојнава сезона Луис ќе има нов тимски колега во Мерцедес во Валтери Ботас, поранешниот возач на Вилијамс кој во 2017 година ќе вози наместо Нико Розберг. Финецот доби едногодишен договор со “сребрените“, а сите во екипата очекуваат да го предизвика Хам за насловот. Но, Хамилтон постариот смета дека неговиот син ќе одговори на предизвикот и ќе си ја врати титулата:

„Сметам дека како тој старее и станува позрел сеуште се движи кон зенитот на својата кариера, така што Луис ќе биде сила со која треба да се борите секоја година. Луис размислува само на победа и е навистина среќен за Нико, всушност сите сме среќни за Нико затоа што го познаваме навистина долго. Во првенството ви треба и среќа, а тој го имаше тоа“.

Инаку, Ентони беше и менаџер на својот син додека црномурестиот возач возеше за Мекларен и освои титула во 2008 година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг