Червар: Со победа да се простиме од ЛШ

Макфакс

09/02/2017

15:09

1.059

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Металург, в недела, ќе го одиграат својот последен натпревар оваа сезона во Ц групата, во Лигата на шампионите. Во „Борис Трајковски“, тимот на Лино Червар, за противнико ќе ги има Чеховски Медведи (17:30 часот).

Металург во претходните девет кола, има забележано четири победи и доколку в недела слави над рускиот тим, под претпоставка дека Монпелје ќе слави над Елверум ќе заврши на третото место.

Во првиот дел од сезоната на 6.октомври, Чеховски Медведи славеа со 25:21.

„Кога игравме во Русија имавме огромни проблеми во првото полувреме, губевме убедливо. Чеховски Медведи е незгоден тим, составен од искусни и талентирани млади ракометари. Играат брз ракомет, но и варираат во формата, имаа победа во гости над ла Риоха, а потоа три порази во низа. Во секој случај не ни „чежат“, високи се, а имаат добра полуконтра. Најчесто играат 5-1 зона, но добро ја играта и основната зона 6-0. Ние ќе пружиме максимум и се надевам дека со помош на публиката сезоната во Лигата на шампионите ќе ја завршиме со победа“, рече на пресот во пресрет на натпреварот Лино Червар.

Покрај овој дуел и пресметката помеѓу Монпелје и Елверум ќе се одигра и дуелот во Прешов помеѓу Татран и Ла Риоха.


Спонозорирани линкови

Маркетинг