Во духот на Валентајн: 5 филмови за анти-романтичари!

Точка

09/02/2017

15:04

4.441

Големина на фонт

а а а

Ако се водиме според рекламите за Валентајн, Вие треба да го прославите денот со DVD верзија од The Notebook во едната и Вашиот партнер во другата рака.

Но, доколку сте од оние типови на луѓе кои не сакаат да ги следат романтичните правила и кои успеале да ги разбијат идеалистичките илузии за “и тие живееја среќно, до крајот на животот”, имаме неколку филм-предлози за Вас, од кои немате да ги превртувате очите на секоја излитена, романтична сцена.

(500) Days of Summer


“Oва е приказна за момче кое запознава девојка. Но, би требало да знаете дека ова не е љубовна приказна.” – Ве предупредува гласот на самиот почеток на оваа горко-романтична комедија. И точно како што почетната реченица Ве предупредува, филмот ја открива својата не толку светла и сончева приказна, како што би требало да очекувате од насловот.

Главните улоги во оваа “горчлива пилула” ги играат Zooey Deschanel и Joseph Gordon Levitt.

Closer


Под режисерката палка на легендарниот Mike Nichols настана оваа адаптација на наградуваната истоимена претстава на Patrick Marber. Се работи за остро и цинично исмејување на современите односи и врски, во кои се вплеткува квартет од ликови кои се најбесчувствителните ликови некогаш претставени на филм. Приказната изобилува со неверство, изгубена доверба и лоши чувства.

Closer го сочинуваат Natalie Portman, Clive Owen, Jude Law и Julia Roberts. Ова е еден од "најлошите" идеи за филм кој треба да го гледате на Валентајн, па токму поради тоа сме сигурни дека совршено ќе “им легне” на оние кои бегаат од романтичните љубовни сцени.

Blue Valentine


Овој филм е приказна за брачната пропаст и дисфункционалноста на односите помеѓу Dean (Ryan Gosling) и Cindy (Michelle Williams). Филмот се одвива нелинеарно, а низ сцените се развива состојбата на нивната врска, од првиот состанок па сè до распаѓањето.

Иако знаците на деструктивната врска се чувствуваат уште во почетните сцени, овој филм е одлична анти-реклама на сите романтични филмови.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind


Што добивате кога ќе ги споите режисерот Мајкл Гондри и сценаристот Чарли Кауфман? Една од најоригиналните љубовни приказни, која не е толку романтична како што сметате.
Jim Carrey, во една од неговите најдобри улоги, го игра Joel кој, по раскинувањето со неговата девојка (Kate Winslet) се обраќа на доктор, специјалист за бришење на спомени.

Настрана научно-фантастичните елементи, можеби мислите дека оваа приказна е веќе видена на големото платно, но реалноста за овој филм е потполно поинаква.

The Break-Up


Од трејлерот за The Break-Up ќе помислите дека се работи за будалеста романтична комедија, во која Vince Vaughn и Jennifer Aniston константно си “подвалуваат” шеги, во борба за нивниот импресивен апартман во Чикаго.

Иако филмот е исполнет со комични сцени, режисерот Peyton Reed и сценаристот Jeremy Garelick и Jay Lavanda успешно обработија една драматична приказна за хаотичните чувства и однесувања кои следуваат по емоционалниот слом. Vince Vaughn, покрај неговиот тинејџерски карактер, прикажува вистинска ранливост и тага, а Aniston докажува дека заслужува многу повеќе од нејзиниот партнер.

Кавгите кои се чести во филмот, делуваат толку реално и искрено, што тешко ни е да поверуваме дека овие двајца актери се “сплеткале” за време на снимањето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг