Се снима продолжение на Томб Рајдер: Лара Крофт ќе ја глуми оваа убавица

Точка

09/02/2017

13:54

6.485

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли прв пат ја оживеала улогата на Лара Крофт во првиот дел од Томб Рајдер, во 2001-та година.

Римејкот на филмот "Tomb Rаider", во кој нова Лара Крофт ќе биде Алисија Викандер, започнал со снимање. Според фотографиите од снимањето на филмот, може да се заклучи дека младата актерка одлично се снашла во новата улога.


Алисија изгледа како Анџелина Џоли во претходните делови, со долга коса во плетенка. Покрај физичкиот изглед, актерката има и движења кои убаво се поклопуваат со оригиналниот лик, што докажуваат и сцените во кои актерката скока и се качува на поставените греди.


Анџелина прв пат ја оживеала улогата на Лара Крофт во првиот дел од Томб Рајдер, во 2001-та година, кој бил направен по истоимената видео игра од 1996-тата година.








Спонзорирани линкови

Маркетинг