СЕХА: Металург го победи Загреб

Макфакс

09/02/2017

09:59

521

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Металург го совладаа Загреб 25:22 (10:10) во натпревар од СЕХА лигата и направија убава увертира за неделниот натпревар против Чеховски медведи во Лигата на шампионите.

Младиот голман Мартин Томовски беше најдобриот играч на Металург, тој на голот застана во второто полувреме, а со неговите одбрани Металург стигна до клучната предност од пет голови (19:14).

Загреб се обиде да се врати во мечот, намали на два гола негатива, но Томовски не дозволи целосен пресврт.

Инаку, првиот дел, започна со доминација на Загреб (3:7), но во втората половина од полувремето Металург возврати со иста мерка за 10:10.

Томовски мечот го заврши со 13 интервенции, а стрелците ги предводеше Обрадовиќ со пет голови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг