Пет документарни филмови кои го променија светот

Точка

08/02/2017

17:37

6.148

Големина на фонт

а а а

Од филмови за планетата на која живееме, па сè до приказна за една обична шолја кафе – ви ги претставуваме топ 5-те документарци, одобрени од Reddit заедницата како документарни филмови кои го променија светот.

По долго сурфање и пребарување и многу непроспиени ноќи пред “светлечкиот дисплеј”, се одлучивме за пет документарни филмови кои ќе ви се најдат во оние денови кога излегувањето со пријателите ќе го ставите на пауза.


Планетата Земја (The Planet Earth)


Документарно ремек-дело на BBC кое премиерно е прикажано 2006 година и важи за еден од најскапите документарци снимени на оваа тематика. Снимањето траело пет години, а филмот е потполно снимен во тогаш уште, новата и неистражена HD технологија. Наратор? Сер Дејвид Атенбороу, се разбира.

Нејаснотиите во војната (The Fog of War)


Американски документарец од 2003 година за животот и кариерата на поранешниот министер за одбрана – Роберт С. Мекнамара и неговиот поглед кон модерното војување.

Режиран од страна на Ерол Морис, “The Fog of War” е прикажан на престижниот филмски фестивал во Кан. Насловот се однесува на воениот израз “fog of war”, кој ја опишува тежината на донесување клучни одлуки во време на војна.

Ова е филм кој мора да се погледне, а во тоа ќе ве убеди и Оскарот кој го освои “Тhe Fog of War” за најдобар документарен филм во 2003 година.

Мрачни денови (Dark Days)


Британскиот режисер Марк Сингер е “виновникот” за одличниот документарен филм, чија тема е мала група на луѓе кои живеат во напуштен дел од њујоршката подземна железница.

Откако живее со нив цели три месеци, Сингер е инспириран да го сними “Dark Days” сè со цел да собере донации за да им помогне. Ваквата идеја ја добива откако се доселува во Њујорк и останува запрепастен од огромната бројка на бездомници кои живеат во тој град.

Црно кафе (Black Coffee)


BLACK COFFEE - THE PERFECT CUP - Discovery... by valeriivankov
Канадски документарец, снимен во 2007 година, кој зборува за опширната и комплицирана историја на кафето, истакнувајќи го нејзиното влијание врз економијата, општеството и политиката. Филмот открива како кафето е осмата најпопуларна стока за размена во светот, но и покрај широката популарнос, само 2 центи од 2 долари профит одат кај одгледувачите.

Зoшто војуваме? (Why we fight?)


“Why we fight?” несомнено се најде на листата на најдобри воени документарни филмови. Во 2005 година, режисерот Јуџин Јарецки премиерно го прикажа својот филм за воено-индустриската машинерија и воената пропаганда во Америка за време на Втората Светска Војна, по што милиони Американци се одлучија да служат во армијата.

Овој документарец е доказ дека истата пропаганда е жива и денес и е "одговорна" за војната во Ирак. “Why we fight?” е прв пат прикажан на фестивалот Санденс, на кој освои главна награда од жирито.


Спонзорирани линкови

Маркетинг