Ова село во Полска изгледа како да е од бајка: Секој агол од ова мало место е покриено со цвеќиња

Точка

08/02/2017

18:37

4.069

Големина на фонт

а а а

Жените од Залипи најпрво се обидувале да ги покријат ситните дамки од саѓи, но кога тие станале премногу, едноставно почнале да цртаат цвеќиња над нив.

Во југоисточниот дел на Полска, на 68 километри од Краков, се наоѓа едно мало село кое е познато по својата традиција која трае веќе стотици години – декорирање на куќите, ѕидовите, мостовите, па дури и бунарите – со цртежи од цвеќиња.


Жените од Залипи ги бојадисуваат површините во селото со разни бои, а речиси на сите цртежи има шарени цвеќиња.


Не е познато кога точно започнала оваа традиција. Локалната легенда вели дека потекнува од времето кога чадот од печките создавал ситни темни точки на ѕидот.


Жените прво се обидувале да ги покријат ситните дамки од саѓи, но кога тие станале премногу, едноставно почнале да цртаат цвеќиња над нив.

Сега кога има модерни кујни и електрични печки, дамките од чад повеќе не се проблем, но традицијата на боење на разни површини во селото не исчезнала, туку само малку се модернизирала.


Во старите времиња, жените од Залипи ги правеле своите четки за боење од опашките на локалните крави, а боите претежно ги правеле од масти измешани со разни материјали за да добијат различни бои.


Денес, жителите на ова село имаат и годишно натпреварување кое ја слави оваа стара традиција. Локалните сликари, кои се` уште претежно се жени, се натпреваруваат во создавање на сложени цветни декорации, а оваа прилика ја користат и за да ги поправат сликите од минатите години.




Спонозорирани линкови

Маркетинг