Лауда: Новите правила ќе му помогнат на Ботас

КРУГ.МК

08/02/2017

18:00

1151

Големина на фонт

а а а

Неизвршниот претседател на Мерцедес, Ники Лауда, верува дека прилагодувањето на Валтери Ботас на екипата ќе биде многу полесно со новите правила оваа година. “Сребрените“ го земаа Ботас од Вилијамс како замена за актуелниот првак Нико Розберг.

Финецот дојде во Бракли на крајот на Јануари и има малку време за адаптација на новиот тим до почетокот на првиот сезонски тест на крајот на овој месец во Барселона. Ники смета дека тајмингот на промените е одличен за Ботас.

„Нема многу време да се прилагоди затоа што за него се е ново во нашата екипа, а и тој е нов за нас. Но, има предностдека доаѓа во нова, врвна екипа која ќе направи за негова полесна адаптација од самиот почеток. Исто така, сите ќе возиме целосно нови болиди оваа година што ќе биде новина и за Луис така што нема да има предност во однос на него. Двајцата возачи ќе го развиваат болидот од самиот почеток и тоа ќе биде одлично“, објасни Лауда за германски Auto Motor und Sport.

Мерцедес веќе објави дека нивниот В08 болид ќе биде претставен на 23 Февруари во Силверстон кога истиот ќе биде за прв пат возен.


Спонозорирани линкови

Маркетинг