Вебер: Моторите ќе бидат клучни

КРУГ.МК

08/02/2017

16:04

761

Големина на фонт

а а а

Новите Формула 1 правила кои во голема мера ќе ја зголемат потисната сила и механичкиот грип оваа сезона, според Марк Вебер клучна ќе биде моќта од моторот.

Поради промените, се очекува круговите да бидат побрзи за 3-5 секунди, а дополнителна моќ од моторот ќе биде потребна за да се надомести за отпорот кој го забавува болидот.

„Болидите ќе имаат даеку повеќе потисна сила и ќе бидат многу поосетливи на моќта од моторот. Ќе треба многу посилен мотор затоа што и пошироките гуми и поголемиот отпор ќе си го направат своето. Забразувањето нема да биде едноставно затоа што болидите ќе ги забавува и тежината од поголемите гуми и поголемиот контакт со подлогата“, објасни Марк Вебер, поранешен Формула 1 пилот со 12-годишна кариера во спортот.

Австралијанецот смета дека поради значително поголемите брзини во свиоците кои ќе се постигнуваат, барањата за физичка сила од страна на возачите ќе бидат значително поголеми.

„Спортската страна на тркањето треба да напредне, а болидите ќе бидат брзи какви што не сме ги виделе долго време. Возачите повторно тешко ќе си ја заработуваат платата и ќе се потат на подиумот, што ќе биде фантастично за гледање. Времињата по круг ќе бидат како пред 10 години и тша визуелно ќе биде прекрасно за гледање“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг