Touch Screen Window System: Пристигнува технологија за спуштање на прозорот само со допир

Точка

08/02/2017

20:00

7.592

Големина на фонт

а а а

Од јужнокорејски SsangYong Motor објавија дека се подготвени на пазарот да ги лансираат првите системи за отворање на прозорците со допир.

Оваа најнова технологија која што би требала значително да го олесни отворањето на прозорците, чиј што назив е Touch Screen Window System, минатиот петок била претставена во тренинг-центарот на компанијата во Ансеонг, а пред јавноста би требало да биде претставена до крајот на оваа година.

„Компанијата ќе продолжи да развива производи од новата генерација кои што ќе им одговараат на потребите на своите купувачи и истовремено ќе поставуваат трендови со охрабрување за нови, креативни идеи“, изјави претседателот на SsangYong Motor, Чои Јонг-Сик.


Инаку, оваа идеја уште пред неколку години ја најавија од Јагуар, меѓутоа после тоа немаше никаква новост во врска со таа технологија.

„Доколку сакате да ги спуштите прозорците, ќе биде потребно само да допрете одреден дел од прозорот и тој ќе се спушти. Таквата технологија доаѓа, веќе се работи на неа. Не знам кога точно ќе се случи тоа, но ние во секој случај знаеме како да го направиме тоа“, изјави тогаш еден од директорите на Јагуар, Јан Калум, по што од команијата не беше објавена никаква новост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг