Парот кој ги збуни сите: Кој е човекот покрај младата манекенка?

Точка

08/02/2017

17:10

14.454

Големина на фонт

а а а

Таа важи за една од најпосакуваните жени на светот! Висока, витка и со ангелско лице – на само 14 години се сликала за првата насловна страница и оттогаш нејзината кариера оди само по нагорна линија.

Секако, зборуваме за 24 – годишната Карли Клос, ангелот на „Victoria’s Secret”, која овие денови е во Австралија каде што снима едиторијал за магазинот „Vogue”.


Сигурно е здодевно да се помине целиот ден во позирање и местење за совршениот кадар, но повремено може да се случи нешто што ќе го орасположи целиот тим. Во овој случај, тоа нешто е еден симпатичен дедо кој без покана одлучил да ѝ се придружи на убавата Карли Клос во фотографирањето.


Дедото како вистински шармер застанал покрај младата манекенка, се насмеал и без трошка срам позирал покрај Карли, која од срце се насмеала на неговиот упад.


Спонзорирани линкови

Маркетинг