Мукаетов реизбран на функцијата претседател на РФМ

Макфакс

08/02/2017

09:58

428

Големина на фонт

а а а

Живко Мукаетов доби нов четири годишен мандат на функцојата претседател на Ракометната фадерација на Македонија (РФМ). На редовното Собрание на РФМ, новиот мандатат Мукаетов го доби со акламација.

„Кога пред четири години дојдов на оваа функција ветив дека ќе се обидам македонскиот ракомет да функционира поинаку од претходно. Во тој четиригодишен период голем дел од предизвиците ги остваривме. Се радувавме на успесите, заедно се јадосувавме на поразите. Во текот на овие 48 месеци вложивме многу напори и ресурси за работа со младите категории кои треба да бидат база за идните репрезентации. Остануваме на истата патека, ќе работиме да бидеме континуирано присутни на големите настани и да го етаблираме ракометот како национален спорт во Македонија. Убеден сум дека за пет-десет години ќе бидеме горди на ова што го правиме“, изјави претседателот на РФМ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг